Есенски проекции на Народна банка

Ќе забави инфлацијата, но и растот на економијата

07.11.2024 16:08

Забавување на инфлацијата и послаб раст на домашната економија за оваа и за следната година во споредба со априлските согледувања, предвидува Народната банка. Според есенските макроекономски проекции, за оваа година економскиот раст е проектиран на 2,3 отсто, а за наредната на 3,3 проценти…

Забавување на инфлацијата од 3,5 на 2,5 проценти за следната година и забрзување на растот од 2,3 на 3,3 отсто, се проекциите на НБРМ. Овие очекувања се базирани на зголемени инвестиции, извоз и потрошувачка. На домашната економија влијае неповолната состојба на германската економија, која тешко заздравува од кризата, а е наш најголем трговски партнер. 40 насто од извозот е насочен токму кон оваа земја.

НБРМ ги следи ризиците кои постојат и како што велат, ќе ги преземат сите неопходни мерки за задржување на девизниот курс и ценовната стабилност.

По подолг период зголемување, во септември и октомври имаше намалување на каматните стапки. Имало и санкции за оние банки кои наплаќаат за затворање на сметки што е дел од ограничувањето на надоместоците за платежни услуги.

Од НБРМ велат, внимателно ја стабилизираат монетарната политика. Девизните резерви изнесуваат 4,9 милијарди евра. На крајот од годината следува солиден годишен раст на депозитите од 7,9 отсто.

 

Александра Велинова