Политика

Власта и опозицијата со рaзлични ставови во однос на предвремените избори

07.11.2024 14:58

Темата избори актуелна и во земјава се предлагаат, се премолчуваат, се бараат па се откажуваат. Политичките партии ја одржуваат во живот дискусијата …

Предвремени парламентарни избори заедно со локалните во октомври идната година, се само дополнителен трошок на државни пари. Од Владата остануваат на ставот дека мандатот на извршната власт е четири години и дека се носат одлуки во интерес на граѓаните, но и дека се подготвени за соочување со политичките противници.

Портпаролката Митева не сакаше да ги коментира ставовите на опозицијата дека Владата во изминативе неполни пет месеци не направила ништо за граѓаните, ниту пак дека шпекулациите за раскол во СДСМ доаѓаат од кујната на власта.

Во однос на предвремените избори, од СДСМ велат дека премиерот Мицкоски секој ден излегува со различни изјави. Подготвени сме за избори, вели Кузеска, но топката ја префрли кај власта.

На средбата со шефот на делегацијата на Европската Унија во Мала Речица, Михалис Рокас, лидерот на ДУИ Али Ахмети рекол дека за доброто на државата, заедно со локалните треба да се случат и парламентарни избори. Го информирал евроамбасадорот и дека ДУИ е партија која не се колебала за својата евроатлантска ориентација.

 

Милчо Велески