Здравство

Клиниката за офталмологија под лупа

21.07.2014 16:53

Дваесетина советници од Министерството за здравство ја анализираа работота на сите, од хигиеничар до директор...

Јапонската бизнис-филозофија и на скопската Очна клиника. Дваесетина советници од Министерството за здравство ја анализираа работота на сите, од хигиеничар до директор.

„Секогаш сме воделе сметка за хигинетата, бидејќи окото е суптилен орган“, вели д-р Илијаз Исмаили, директор на Клиниката за офталмологија.

Според првиот човек на клиниката, работната атмосфера е секогаш ваква.

Во наредните 5 дена од Министерството за здравство ќе скенираат како се работи на Клиниката за офталмологија. Акцентот ќе биде ставен на прокетот „Мој терим“. Исто така, ќе се проверува како се врши плаќањето по учинок.

Ќе се проверува дали евидентираното одговара на сработеното, ќе се следи комуникацијата меѓу персоналот на клиниката и пацинетите, дали секој си ја врши работната задача во целост.

При секоја интеревнеција постои ризик.

На клиниката има голема фреквенција. Годишно се прегледуваат 24.000 пацинети и се прават 4000 интервенции.

„Ние очекуваме да биде добра оценката. Работиме во континуитет, не се подготвуваме посебно за оваа посета“, вели д-р Илијаз Исмаили, директор на Клиниката за офталмологија.

Во изминатиот период под лупа на тимот на министерот за здравство Тодоров досега беа медицинските центри во Штип, Битола, Тетово, Велес и Струмица се со цел да се зближат работниците и менаџметот, да се постигне поголема ефикасност и квалитет во работата.

Наташа Јанчиќ