Македонија

Делегацијата на БЈБ учествуваше во изборот на новото раководство на ИНТЕРПОЛ

07.11.2024 19:41

На последниот ден од Генералното Собрание на ИНТЕРПОЛ, кое се одржува оваа недела во Глазгов, Обединетото Кралство се одржаа избори за позициите потпретседатели на ИНТЕРПОЛ за Америка и Африка, како и делегати на извршниот комитет на ИНТЕРПОЛ за Европа, Америка и Азија...

На последниот ден од Генералното Собрание на ИНТЕРПОЛ, кое се одржува оваа недела во Глазгов, Обединетото Кралство се одржаа избори за позициите потпретседатели на ИНТЕРПОЛ за Америка и Африка, како и делегати на извршниот комитет на ИНТЕРПОЛ за Европа, Америка и Азија.

Македонската делегација предводена од директорот на БЈБ Александар Јанев учествуваше во процесот на изборите за наведените позиции.

Од страна на нашата делегација беа изразени лични честитки на новоизбраните потпретседатели и членовите на извршниот комитет со искрени заложби за воспоставување на нова заедничка визија и продлабочена меѓусебна соработка во насока на сузбивање и намалување на транснационалниот и трансконтиненталниот криминал во глобални рамки.

Завршно обраќање на делегатите по повод затворањето на 92-то Генералното собрание на ИНТЕРПОЛ имаше членот на Кралското семејство принцот Едвард, Војвода од Единбург.

Македонската полиција продолжува со своите заложби да биде силен и стабилен партнер со полициите од светот, да ја зајакнува меѓународната соработка и да дава значителен придонес во глобалната безбедност.