МВР
Две исчезнати деца пронајдени и вратени на семејствата
07.11.2024 17:43
Денеска во Скопје беа пронајдени и вратени на своите семејства две исчезнати деца, информираат од МВР....

Денеска во Скопје беа пронајдени и вратени на своите семејства две исчезнати деца, информираат од МВР.
Во 11:50 часот на улицата „Стефан Цветковиќ“, близу Народната банка, граѓанин забележал четиригодишно момче со тротинет, кое не зборувало. Околу 14:30 часот, неговото исчезнување било пријавено во Полициската станица Чаир, по што полицијата брзо реагирала и детето било предадено на родителите во Полициската станица Центар.
Во меѓувреме, на Бит Пазар граѓани пронашле петгодишно девојче, кое било однесено во градинката „Фидани“. Откако мајката била контактирана, таа го презела детето и го вратила дома, стои во соопштението.
