Три деца за среќен брак
На Елизабета и Јован Ангелески од Охрид Господ им ја исполни желбата да имаат три дечиња. Велат дека не им е тешко, си помагаат меѓу себе. Пресудно за да запливаат во брачните води било тоа што и двајцата сакаат деца.

Елизабета и Јован Ангелески се запознале на плажа во Охрид и од тој момент почнала да се размотува клопчето од нивната животна приказна. Од другари до среќен брак исполнет со многу љубов благословен со три дечиња. Елизабета е од Скопје, а Јован од Охрид каде што сега живеат заедно.
„Така, започнавме врска што ја завршивме со брак, најмногу си одговаравме со тоа што најмногу сакаме деца,“ вели Елизабета Ангелеска.
„Одлуката да се земеме беше заедничка, не разговаравме воопшто за животот, каде ќе живееме и кога решивме да се земеме, Елизабета сакаше да дојде во Охрид“, вели Јован Ангелески.
Неодамна покрај двајцата синови, Крсте кој има 8 години и Лука 3, во нивниот дом пристигна и новиот член, ќеркичката Калина. Мајка и на Елизабета раскажува дека љубовта меѓу неа и Јован е голема. Со растреперен глас го раскажува моментот кога слушнала дека чекаат трето дете.
„Кога првпат слушнав дека ќерка ми е бремена, бев пресреќна, зашто јас имам три деца, и сакав една од ќерките да има три деца“, вели Нада Дамјановска, мајка на Елизабета.
Јован вели дека најголем роденденски подарок е раѓањето на неговата ќерка.
„Животот ми е поубав, децата ми се повесели, куќата ми е повесел, а имаме нов член на фамилијата“, вели Јован Ангелески.
„Радост се, радост е во секој случај. Куќата е полна, во секој момент има некој што те смее, не ти е монотоно. Секој ден е различно, секој си има свои барања, свои потреби, свои желби“, ввели Елизабета Ангелеска.
Елизабета вели дека засега не е тешко бидејќи Јован и помага и постојано е со синовите. Јован, пак, вели дека иако се труди да и помага колку што може, свесен е дека таа го носи товарот на семејството.
Ана Јосифоска Тодоровска
