Бјаден му ја честиташе победата на Трамп
Откако Харис јавно излезе и го призна поразот, Бајден имаше прво обраќање. Во меѓувреме новиот шеф на државата ја крои листата блиски соработници во администрацијата...

Честитка до Трамп упати и актуелниот американски претседател Џо Бајден, нагласувајќи ја важноста да се работи за зближување на земјата.
Новоизбраниот челник на Белата куќа, Доналд Трамп се подготвува да назначи врвни работни места, откако Харис го призна поразот и вети дека ќе помогне во транзицијата на власта, но не и дека ќе се откаже од борбата за слобода и правда.
„Ќе се заложиме за мирен пренос на власта. Еден од основните принципи на американската демократија е дека кога ќе загубиме избори, ги прифаќаме резултатите. Тој принцип, како и секој друг, ја разликува демократијата од монархија или тиранија“, изјави Камала Харис, потпретседателка на САД и демократски кандидат за претседател.
Бранот ефекти по победата на Трамп веќе се чувствува во Вашингтон. Акциите рипнаа за речиси 2 проценти, скокна и американскиот долар.
Во Министерството за правда активно се водат разговори за укинувањето на федералните случаи против него, додека дел од обвинетите за немирите во Капитол очекуваат да бидат помилувани.
Во однос на воените жаришта на Блискиот Исток, пак, неговата победа според лидерот на Хезболах не значи ништо вредно за неговата група, додека на украинскиот фронт неизвесноста расте. Зеленски и натаму се надева дека поддршката од новата администрација на Трамп ќе продолжи за Киев.
Бојана Крстевски
