Мицкоски: Ќе направиме сè како држава да ги одбраниме националните интереси
Петти самит на Европската политичка заедница во Будимпешта. Во фокус на средбата – градење став однос на победата на Трамп. На маргините на самитот, премиерот Мицкоски оствари повеќе билатерални состаноци, меѓу нив и со шефот на француската република на којшто состанок станало збор за деблокада на евроинтеграциите...

Петти самит на Европската политичка заедница во Будимпешта. Во фокус на средбата – градење став однос на победата на Трамп. Присуството на европските лидери ја нагласи и важноста на темите за безбедноста и стратешката автономија, а францускиот претседател Макрон посочи дека Европа мора да гради сопствени капацитети за заштита на суверенитетот и стабилноста.
На маргините на самитот, премиерот Мицкоски оствари повеќе билатерални состаноци, меѓу нив и со шефот на француската република на којшто состанок станало збор за деблокада на евроинтеграциите.
Во изјава по состанокот, Мицкоски нагласи дека ќе направиме сè како држава за да ги одбраниме националните интереси. Тој вели дека пред европските партнери ги презентирал гледиштата за економскиот раст на земјата, но и за европската перспектива.
