Временска прогноза
Наутро студено, во текот на денот времето ќе биде сончево
08.11.2024 08:02
Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и претежно тивко...

Наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и претежно тивко.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.
Во Скопје наутро ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот сончево со мала локална облачност и тивко.
