Органските производители ги добиваат субвенциите
Се исплаќаат субвенциите за производителите на органска храна. Платежната агенција на сметката на повеќе од 800 лица префрли над 12 милиони денари за органското производство за 2022 година. Парите се добиваат по повеќе основи од примарното производство до нивни преработки...

Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства кои пријавиле сертифицирано растително и сточарско производство и производство во преод.
Право на субвенции имаат и откупувачи и трговци кои имаат произведено преработки или имаат извршено доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло.
За стручна контрола и сертификација добиваат парична помош од 50 проценти од трошоците, а за анализа на својства на почва и производ кај земјоделски стопанства кои имаат извршени агрохемиски, педолошки или анализи на остатоци од пестициди, тешки метали и други материи до 70 проценти, но не повеќе од 9.000 денари по земјоделско стопанство.
Корисници на оваа мерка се и земјоделски стопанства кои имаат површини за обработка наменети за зелено ѓубрење или угар во плодоред кој е во функција на органското производство.
Висината на директните плаќања за оваа мерка изнесува 3.500 денари по хектар.
Методија Трајков
