Путин му ја честиташе победата на Трамп
Го пофали за преживеаниот обид за атентат за време на неговиот митинг во Пенсилванија во јули и истакна дека и зборовите на новоизбраниот претседател околу украинската криза заслужуваат внимание...

Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на Доналд Трамп за неговиот избор за претседател на САД. Го пофали за преживеаниот обид за атентат за време на неговиот митинг во Пенсилванија во јули и истакна дека и зборовите на новоизбраниот претседател околу украинската криза заслужуваат внимание. Трамп за време на кампањата рече дека доколку биде избран може да донесе мир во Украина во рок од 24 часа. Путин, пак, рече дека ако Трамп сака да ги обнови контактите, Русија е подготвена за дискусија.
„Би сакал да ја искористам оваа прилика да му честитам на Трамп за неговиот избор на функцијата претседател на САД. Она што беше кажано од Трамп за желбата да се обноват односите со Русија, да се придонесе за решавање на украинската криза, ми се чини дека заслужува барем внимание“, Владимир Путин, претседател на Русија.
