Мицкоски: Оптимист сум за европскиот пат на Македонија
Оптимист сум за нашата иднина, се бориме за нашите аргументи и за вистината, вели во изјавата Мицкоски...

Самит на европската политичка заедница во Будимпешта. Европските лидери ја нагласија важноста за безбедноста и стратешката автономија. Францускиот претседател Макрон оцени, Европа мора да гради сопствени капацитети за заштита на суверенитетот и стабилноста. Премиерот Мицкоски имаше разговори со него.
Оптимист сум за нашата иднина, се бориме за нашите аргументи и за вистината. Ќе дадеме сѐ од себе да ги зачуваме државните и националните интереси, вели во изјавата Мицкоски.
Мицкоски истакна дека за време на средбите што ги имал на маргините на Самитот во Будимпешта, ги презентирал нашите аргументи, како ја гледаме нашата економска иднина и нашите економски цели, како и „начинот на којшто планираме да ја развиваме нашата Македонија, но истовремено и ги презентирал и „нашите погледи и аргументи за нашиот евроинтегративен пат“.
Со секоја средба, се повеќе и повеќе се бориме за нашите аргументи и за вистината онаква каква што е, онаа вистина што ја чувствуваат нашите граѓани и којашто е важна за Македонија. Ќе продолжиме да се бориме за Македонија и во неделите, месеците и годините коишто следат. Мора да успееме. Мора да бидеме таму каде што заслужуваме, а тоа е успешна, европска приказна. Нашето место е во рамките на ЕУ- нагласи Мицкоски.
