Друштво на писатели

Комеморација за писателката Оливера Николова

08.11.2024 08:21

Николова е една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки.

Денеска во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи комеморацијата за Оливера Николова.

Николова е една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки. Родеа е на 11 март 1936 година во Скопје. Дипломирала на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Целиот работен век го поминала во Македонската радио-телевизија, работејќи како уредник и драматург. Таа e член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година.

Најпознати нејзини дела за деца се „Зоки Поки“, „Земја во која не се стигнува“ (Награда на РТВ и Струшки вечери,1966), „Пријателите Бон и Бона“ (Награда на РТВ и Струшки вечери,1975), „Мојот звук“ (Награда „Младо поколење“,1978), „Девојките на Марко“, „Љубоболки“, „Шифри на каменот“, „Преминот не е осветлен“, „Светлосна година“, и други.

Вредностите на Оливера Николова во македонската книжевност за деца, од нејзината прва книга, континуирано, се мошне високо рангирани. Сите критичари кои се занимавале со нејзините книги за деца потенцирале дека со нејзиното творештво македонската книжевност за деца се збогатува со дотогаш неоткриени мотиви.

Добитничка е на Орден за заслуги за Македонија во 2024 година.