Загинати и исчезнати по потонување на рибарски брод во Јужна Кореја
Околните рибарски бродови успеале да извлечат 15 членови на екипажот од водата, но двајца од нив подоцна биле прогласени за мртви откако биле донесени на брегот...

Рибарски брод се преврте и потона крај брегот на јужнокорејскиот остров Џеџу, при што најмалку две лица загинаа, а 12 се водат за исчезнати. Околните рибарски бродови успеале да извлечат 15 членови на екипажот од водата, но двајца од нив подоцна биле прогласени за мртви откако биле донесени на брегот. 27 членови на екипажот – 16 јужнокорејски државјани и 11 странци – биле на бродот тежок 129 тони, кој го напуштил пристаништето во Џеџу.
„Несреќата се случила во 04:43 часот на околу 24 километри северозападно од Бијангдо, каде што рибарскиот брод тежок 129 тони се преврте додека работеше на море. причината за несреќата во моментов е под истрага, 15 од 27-те членови на екипажот се спасени од страна на крајбрежната стража на местото на настанот“, изјави Џва вон-Бонг од противпожарна станица Џеџу.
