Руско - украински конфликт

Соборени 17 дронови над руска територија

08.11.2024 09:42

Локалните власти информираа дека нема жртви или штети на местата каде што биле пресретнати беспилотните летала...

Руската армија во текот на ноќта собори 17 дронови над четири региони на Русија, соопшти руското Министерство за одбрана. Локалните власти информираа дека нема жртви или штети на местата каде што биле пресретнати беспилотните летала.

Четири лица, пак, се повредени во руски воздушен напад врз киевската област, соопшти шефот на регионалната државна администрација, Руслан Кравченко. Нападите биле со ракети и дронови врз Харков и киевската област, каде што дејствувала украинската противвоздушна одбрана.