Најдобриот стрелец Родригез со уште едно признание
Недела дена по промоцијата на Германија во нов светски фудбалски првак, ФИФА објави кој погодок го избрала за најубав гол на Светското Првенство. Тоа е ремек-делото на Колумбиецот Хамес Родригез, за водство на неговата репрезентација од 1-0 во осминафиналето со Уругвај.

Моментот кога Родригез вешто ја прими топката на гради, а потоа упати прецизен пеколен волеј-удар од над дваесетина метри е меѓу блесоците по коишто бразилскиот мундијал најмногу ќе се памети. Хамес Родригез, којшто го заслужи признанието најдобар стрелец на шампионатот е пред вратите на Реал Мадрид и деновиве се очекува да биде комплетиран неговиот трансфер од Монако.