Македонија
Министерот Фетаи добил мејл со закана по живот
08.11.2024 11:22
Вицепремиерот за спроведување политики за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи добил закани по живот...

Вицепремиерот за спроведување политики за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи добил закани по живот.
Тој, за ова лично го информирал министерот за внатрешни работи, Панче Тошовски. Побарал зголемени мерки за безбедност. Фетаи добил закани дека ќе добие куршум во чело, по неговата изјава за отстранување на дефиницијата „20 проценти“ за албанскиот јазик во Уставот.
Заканата пристигнала на неговата официјална електронска пошта. Фетаи подготвил и тужба.
