Се екипираат Собраниските работни тела- Грчева и Буралиева во работен ритам
Колку места ќе има една парламентарна партија во собраниските тела зависи од освоените мандати...

Пратеничката на СДСМ, Солза Грчева влегува во работниот ритам на Собраниските тела. Присутна на комисиите за европски прашања и за образование. Изборот како што веќе изјави за МТВ го направи согласно нејзиниот професионален ангажман. Буралиева ги избра културата и зравството, но ја следеше и работата на Комисијата за образование.
Колку места ќе има една парламентарна партија во собраниските тела зависи од освоените мандати. Според првиот човек на Комисијата за избори и именувања Илиоски, коалицијата предводена од СДСМ и нејзините членови ќе можат да бидат членови од две комисии и заменици членови уште во две комисии.
Ејуп Рустеми од денес е претседател на Комитетот за односи меѓу заедниците. Предлогот од ДУИ, критиките од ДПА. Во првата протоколарна дискусија, Рустеми со апел до опозициската СДСМ.
„Се надевам дека наскоро и пратениците од СДСМ да ни се приклучат во работата на Комитетот“, рече Рустеми.
Заменичкото место треба да го добие пратеник од СДСМ, но се додека не го направат тоа, функцијата втор човек на комисијата ќе ја извршува Благоја Деспотовски од ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот Бајрам откако гласаше за изборот се досети да реагира
„Толку дена прашувам кој ќе биде претседател, никој не ми одговара, па се двоумев дали да влезам или не, но влегов да видам што ќе се случи“, рече Бајрам.
Во комитертот недостасува претставник од влашката заедница. Како што информираше спикерот Вељаноски, којшто претседаваше со комитетот, за ова е информиран народниот правобранител и од него се очекува предлогот.
Виолета Димовска
