Австрија
Птичји грип во Австрија, целата земја прогласена за ризично подрачје
08.11.2024 11:29
Министерство за здравство ја прогласи целата земја за ризично подрачје. Ваквата е одлука донесена откако ризикот од ширење на инфекцијата е оценет како значително зголемен во 25 области...

Птичји грип во Австрија. Министерство за здравство ја прогласи целата земја за ризично подрачје. Ваквата е одлука донесена откако ризикот од ширење на инфекцијата е оценет како значително зголемен во 25 области.
На четири живинарски фарми во провинциите долна и горна Австрија се идентификувани 200 илјади заразени птици, кои се усмртени. Воведени се строги безбедносни мерки.
Сите компании и фарми со повеќе од 50 животни, мора да ги чуваат во плевни, а целата живина мора да биде заштитена од контакт со диви птици, носители на инфекција.
