Протести пред народниот театар „Иван Вазов“ во Софија
Демонстрантите водени од европратеникот Ангел Џамбаски реагираа дека претставата е антибугарска и ги исмева бугарските војници и бугарскиот народ, тврдејќи дека е навреда за националните и христијански вредности...

Хаос во народниот театар „Иван Вазов“ во Софија. Стотици граѓани синоќа, буквално ги окупираа влезовите на театарот, гневни поради претставата на холивудската ѕвезда Џон Малкович, „Оружјето и човекот“. Демонстрантите водени од европратеникот Ангел Џамбаски реагираа дека претставата е антибугарска и ги исмева бугарските војници и бугарскиот народ, тврдејќи дека е навреда за националните и христијански вредности.
Малкович изјави дека не разбира бугарски јазик и не сфаќа во што е проблемот, бидејќи претставата работена според текстот на Бернард Шо важи за пародија на национализмот и империјализмот. И ГЕРБ и „Продолжуваме со промената“ го осудија инцидентот.
