ДКСК

ДКСК иницира постапка против поранешната министерка на култура

08.11.2024 12:00

Според извршениот увид во документацијата, од ДКСК велат дека министерката за култура во 2023 година остварила билатерална посета со трошоци од 1.300 британски фунти аванс, од кои 229 фунти се признаени како трошоци за репрезентација, а 600 фунти за сместување ...

Антикорупциската комисија иницира постапка пред надлежните органи за екс-министерката за култура, Костадиновска-Стојчевска поради злоупотреба на буџетски пари во приватни цели.

Според извршениот увид во документацијата, од ДКСК велат дека министерката за култура во 2023 година остварила билатерална посета со трошоци од 1.300 британски фунти аванс, од кои 229 фунти се признаени како трошоци за репрезентација, а 600 фунти за сместување. 

Од 292 фунти, 280 се трошоци кои ДКСК смета дека не може да се квалификуваат како трошоци за репрезентација. Дополнително, 528 фунти биле исплатени со службена картичка на Министерството за култура, од кои 485 фунти се трошоци кои, како што дополнуваат од ДКСК, не може да се квалификуваат како направени за службени цели.

Станува збор за случајот со нејзините трошења за време на посетата на Велика Британија и Ирска.