РКЕ
Од полноќ поскапува дизелот
08.11.2024 13:59
Со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги од полноќ поскапува дизелот, цените на бензините останува иста...

Со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги од полноќ поскапува дизелот. Дизел горивото од утре ќе се продава поскапо за 2 денари и ќе изнесува 70,5 денари.
Цената на бензините останува иста, односно БЕНЗИН 95 ќе се продава по цена од 75,5 денари, додека ЕУРОСУПЕР 98+ ќе се продава по цена од 77,5 денари по литар.
Иста останува и цената на екстралесното масло 68 денари, додека мазутот ќе се продава по непроменета цена од 43 денари по килограм.
