Македонија

Лицата со аутизам се обесправени, речиси е невозможно да се вработат во државните институции

08.11.2024 14:03

Луѓето со аутизам – невидливи за системот. Нивното вработување е речиси невозможно во државните институции, затоа што ги нема во законот, вели народниот правобранител Васка Бајрамовска...

Луѓето со аутизам – невидливи за системот. Нивното вработување е речиси невозможно во државните институции, затоа што ги нема во законот, вели народниот правобранител Васка Бајрамовска. Проблем имаат и во оброзованието – сè почести се претставките за булинг, недостиг од асистенти, дискриминација.

1941-ва година во Битола бил отворен првиот центар за глуви лица, оттогаш до денес има бројни институции за лицата со попреченост, но потребно е повеќе да се вложува, вели претседателот на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори, Петрушев. Кај локалните власти има свест, но не секогаш имаат доволно средства.

Од Сојузот со апел до МОН да бидат вклучени во работните групи кои ќе ги изготвуваат новите закони. Велат дека дел од нивните предлози веќе се прифатени.

Викторија Милевска