НАТО

Прва седница на Советот за координација на активностите поврзани со членството во НАТО

08.11.2024 14:08

Шефот на владата ја истакнал важноста од нашето членство во НАТО и блиската меѓуинституционална координација во владата за нашите обврски кои произлегуваат од членството...

Прва седница на Советот за координација на активностите поврзани со членството на Македонија во НАТО, со која претседаваше премиерот Мицкоски. Шефот на владата ја истакнал важноста од нашето членство во НАТО и блиската меѓуинституционална координација во владата за нашите обврски кои произлегуваат од членството.

„Како кредибилен сојузник, нашата земја останува посветена кон определбата за придонес за зачувување на колективната безбедност и регионалниот мир, стабилност и просперитет. Импликациите од актуелните глобални безбедносни предизвици бараат обединет и силен одговор од сите членки на алијансата“, потенцира Мицкоски.

„Наша цел е да се фокусираме на воспоставување целосно функционална, ефективна и одржлива структура, во насока на натамошно зајакнување на нашите институционални капацитети, креирање политики и дефинирање на ставови, подеднакво важни за земјата и за алијансата“, порача шефот на дипломатијата Муцунски. Министерот за одбрана Мисајловски, кој е ко-претседавач со Советот, брифирал за активностите во одбраната и за помошта на Украина.