Администрација

Минчев: Не е исклучено намалување на вработени во јавната администрација

08.11.2024 14:39

Додека се чека новиот Закон за вработување во јавна администрација огласите продолжуваат врз база на знаење, вели министерот Горан Минчев. Ова ново решение треба да го замени, сега веќе, укинатиот „балансер“...

Додека се чека новиот Закон за вработување во јавна администрација огласите продолжуваат врз база на знаење, вели министерот Горан Минчев. Ова ново решение треба да го замени, сега веќе, укинатиот „балансер“. Министерот додава и дека не е исклучено намалување на вработени во јавната администрација.

Министерот Минчев вели дека новото законско решение мора да биде добро и не сака избрзани решенија.

Експертската група во рамките на Владата дава предлози за ново законско решение за правична застапеност на етничките заедници, кои би биле доставени до Венецијанската комисија.

На прес-конференцијата на министерот Минчев, реагираа од СДСМ. Велат дека тој и неговата партија биле безгласни букви во кабинетот на премиерот.

„Минчев потврди дека како прв човек задолжен за реформите во јавната администрација, не е дел од владината работна група која треба да понуди ново решение по укинувањето на балансерот со одлука на Уставниот суд“, велат од СДСМ.

Во однос на јавната администрација, од Владата велат дека мора да се работи кон подобрување на институциите, зашто граѓаните заслужуваат брза и ефикасна администрација.

Борис Грујоски