САД

Судот во Њујорк следната недела ќе одлучува за осудителната пресудата против Трамп

08.11.2024 19:09

Судот во Њујорк следната недела ќе одлучи дали ќе ја отфрли осудителната пресудата против новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во случајот за фалсификување деловни документи, поврзани со аферата со порно актерката Сторми Даниелс...

Судот во Њујорк следната недела ќе одлучи дали ќе ја отфрли осудителната пресудата против новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во случајот за фалсификување деловни документи, поврзани со аферата со порно актерката Сторми Даниелс.

Судијата на Окружниот суд на Менхетен, Хуан Меркан, следната недела ќе одлучи дали ќе го прифати барањето на Трамп, кое тој го поднесе пред изборите, за отфрлање на пресудата.

Во мај, поротата во Њујорк го прогласи Трамп за виновен за фалсификување деловни досиеја, што произлегува од обидот на Трамп да ги прикрие надоместоците на неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен, кој и плати на Сторми Даниелс во 2016 година да молчи за наводната сексуална врска со Трамп.

Адвокатите на Трамп тврдат дека неодамнешната одлука на Врховниот суд на САД со која на претседателите им се доделува одреден степен на имунитет од гонење се однесува на одредени аспекти на случајот, и затоа обвинението и пресудата треба да бидат отфрлени.