Турција
Силен земјотрес во Турција
08.11.2024 20:45
Турција денеска беше погодена од земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала...

Турција денеска беше погодена од земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот е во провинцијата Елазиг, на длабочина од 16 километри.
Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.
Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја, потврди за земјотресот и рече дека екипи на итните служби и надлежни институции почнале да го скенираат теренот.
„Засега немаме негативни состојби. На граѓаните погодени од земјотресот им даваме целосна поддршка. Господ да ја заштити нашата земја и нашиот народ од катастрофи“, се наведува во соопштението.
