Наутро студено, во текот на денот сончево
Денеска ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Најниската температура наутро ќе се спушти до – 7 степени...

Утрото во земјава е студено, со појава на магла по некои котлини. Во текот на денот, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Денеска ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Најниската температура наутро ќе се спушти до – 7 степени.
Во Скопје преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб северен ветер. Утринската температура изнесуваше-2 степени, а максималната ќе достигне до 19.
Во недела дневната температура ќе опадне за 5-7 степени. Потоа следува период на променливо облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини ќе има услови за провејување на снег, прогнозираат синоптичарите.
