ЗОО

Скопската Зоолошка градина од денеска повторно отворена за посетители

09.11.2024 09:11

Агенцијата за храна и ветеринарство утврди дека Зоолошката не постапила според законските процедури за пријавување на зараза, по што на терен беа убиени 24 птици ...

По 21 ден откако беше затворена поради регистриран случај на птичји грип кај угината гуска во градски парк, скопската Зоолошка градина повторно ги отвори вратите за посетители.

Агенцијата за храна и ветеринарство утврди дека Зоолошката не постапила според законските процедури за пријавување на зараза, по што на терен беа убиени 24 птици. Од таму пак обвинуваат за незаконски упад и масакр врз птиците, што го сметаат за незаконска акција без соодветни докази.

Сите тестирани вработени и граѓани кои побарале тестови за птичји грип се негативни на вирусот.