Синоќа во Нови Сад протести и блокада на сообраќајот
Во Нови Сад протести и блокада на сообраќајот преку Варадинскиот мост. Насобраните повикаа да се утврди одговорноста за трагедијата на станицата во Нови Сад во која загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени...

Синоќа во Нови Сад протести и блокада на сообраќајот преку Варадинскиот мост. Насобраните повикаа да се утврди одговорноста за трагедијата на станицата во Нови Сад во која загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени.
Демонстрантите побараа оставка од градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ и од српскиот премиер Милош Вучевиќ, како и отстранување на ознаката за тајност од договорот за реконструкција на железничката станица.
Досегашниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ пред неколку дена поднесе оставка, но рече дека не ја прифаќа вината за несреќата. Засега не се познати причините за уривањето на бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад.
