САД
Трамп нема да биде кривично гонет, судењето е прекинато
09.11.2024 11:00
Во предлогот за поништување на судењето стои дека поради изборите, судот бара да ги поништи преостанатите датуми во распоредот за претходна постапка.

Федералниот суд го одобри барањето на специјалниот обвинител Џек Смит за суспендирање на роковите во случајот за мешање во изборите против Доналд Трамп. Во предлогот за поништување на судењето стои дека поради изборите, судот бара да ги поништи преостанатите датуми во распоредот за претходна постапка.
Министерството за правда на САД има долготрајна политика дека актуелниот претседател не може да биде кривично гонет, така што победата на Трамп веројатно значи дека тој нема да се соочи со правни последици во кривичните случаи во кои е обвинет.
