Битола

Адолесцентите поподлежни на пороци

10.11.2024 15:41

Во светот околу 200.000 зависници од дрога го губат животот. Во галопирачки тренд се и другите најтешки пороци на денешницата. Психолозите велат адолесцентите се првите на удар и бараат поголема превентива. Граѓаните велат сè почесто се забележува девијантното однесување на зависниците...

Дрогата, алкохолот, никотинот и коцката како болести на зависности се во постојан пораст на глобално ниво. Според надлежните во Обединетите нации во светот има 200 милиони зависници од психоактивни супстанции. Пет насто се зависници од алкохол а една четвртина од популацијата е зависна од никотин. Состојби на кои не е имуна и нашата држава.

Психолозите и психотерапевтите велат загрижува фактот што тој процент се повеќе се зголемува кај адолесцентите на уште помала возраст.

Она на што опоменува науката граѓаните велат дека веќе го забележуваат се повеќе во секојдневието. Во справувањето со тешките зависности кој често завршуваат со фатални последици, потребно е системско вклучување на целото општество велат психолозите. Првиот чекор е зголемување на примарната превенцијата и едукацијата.

Со пропуштање на превентивата, таа вели добиваме тешки патолошки случаи чие понатамошно лекување бара многу напор и цврста волја на зависникот да извлече од канџите на порокот.

 

Стевче Митревски