Голема кашлица

Три нови случаи на голема кашлица неделава

09.11.2024 11:15

Три нови случаи на голема кашлица, 2 во Скопје и еден во Кратово. Два од случаите се на возраст под 1 година, невакцинирани и еден над 50 години со непознат вакцинален статус, информираа од Институтот за јавно здравје...

Неделава се регистрирани три нови случаи на голема кашлица, 2 во Скопје и еден во Кратово. Два од случаите се на возраст под 1 година, невакцинирани и еден над 50 години со непознат вакцинален статус, информираа од Институтот за јавно здравје и додаваат дека двајца се хоспитализирани. Годинава се регистрирани илјада 154 лица, заболени од голема кашлица.

Најголем број од заболените, 70,5 насто се регистрирани на територијата на Скопје, а заболени се регистрирани и во 22 други градови низ Македонија. Од вкупниот број регистрирани, нешто над 60 проценти не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани според возраста или нема доказ за вакцинација, стои во известувањето од Институтот за јавно здравје.