Дојран
Ќе се пушта хидросистемот „Ѓавато“ за спас на Дојранското Езеро
09.11.2024 14:24
Хидросистемот не работи веќе две години а попладнево се очекува тој повторно да биде ставен во функција од страна на министерот за животна средина, Изет Меџити...

Општина Дојран со чистење и уредување на крајбрежјето побараа од Владата да го рестартира хидросистемот „Ѓавато“ но и да се обезбедат средства за санација на овој систем идната година.
Барањето како што кажа градоначалникот Анго Ангов, произлегува од повлекување на водата од Дојранското езеро заради долгиот сушен период. Хидросистемот не работи веќе две години а попладнево се очекува тој повторно да биде ставен во функција од страна на министерот за животна средина, Изет Меџити, откако Владата на последната седница ја усвои информацијата за решавање на овој проблем.
