Германија

Во Германија се одбележуваат 35 години од падот на Берлинскиот ѕид

09.11.2024 17:26

Одржани комеморации и изложени постери долж поранешната рута на Ѕидот, со симболичен наслов-„Ние ја држиме слободата високо“...

Со бројни настани Германија ја одбележува 35 годишнината од падот на Берлинскиот ѕид-клучен момент во распадот на комунизмот во Европа.

Одржани комеморации и изложени постери долж поранешната рута на Ѕидот, со симболичен наслов-„Ние ја држиме слободата високо“.

Ѕидот стоеше на првата линија на Студената војна на поделбата меѓу Западот и Истокот, падна на 9 ноември 89-та година по неколкумесечни мирни протести во Источна Германија, а целосното обединување дојде за помалку од една година подоцна, во октомври 90-та.