Пакистан
Бомбашки напад на железничка станица во Пакистан
09.11.2024 18:02
Полицијата соопшти дека бомбаш самоубиец го активирал експлозивот, додека патниците чекале воз на преполната платформа...

Десетици загинати и повредени по бомбашки напад на железничка станица во Квета во југозападен Пакистан. Полицијата соопшти дека бомбаш самоубиец го активирал експлозивот, додека патниците чекале воз на преполната платформа.
Сепаратистичката група, ослободителна војска на Белуџистан ја презеде одговорноста велејќи дека цел на нападот биле војниците присутни на железничката.
