Израел ја продолжува офанзивата, Палестинците очајно бараат помош
Според последните информации досега се загинати над 500 палестинци и 13 израелски војници...

Израел не ја прекинува офанзивата и покрај сите апели на светските лидери. Епилогот од последното ракетирање на израелската војска врз болница во централниот дел на појасот газа се 4-ца загинати и повеќе од 50 повредени.
Низ улиците владее ужас, очевидци велат дека мртви тела има насекаде и страдаат цивили.
„Истрчавме надвор штом ги слушнавме гранатите. Отидов до куќата на брат ми, сите беа мртви, расфрлани телата на сите девет души“, вели жител на Газа.
„Седевме дома одеднаш куќата беше погодена. Татко ми ни рече да излеземе надвор, ние тоа го сторивме, потоа имаше уште една експлозија, мојата сестра загина а брат ми не знаеме каде е“, вели друг жител на Газа.
Голем број палестинци очајно бараат помош и ги напуштаат своите домови, според последните информации досега се загинати над 500 палестинци и 13 израелски војници, обвинувањата меѓу нив не стивнуваат.
„Предмалку една ракета беше испукана од територијата на Газа, еве ја штетата, за среќа семејството било во куќата, сега се безбедни“, вели израелски полицаец.
„Чуваме еден израелски војник, ова е само почеток на војната за Израел и покрај сите палестински маченици, погреби и жртви тука, тие не прекинуваат. Ова е само почеток. Израел ќе види колку е силен нашата отпор“, изјави Мушир ал Марси, портпарол на Хамас.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека воената операција постепено ќе се проширува, се додека не биде постигнато долгорочно примирје. Во меѓувреме американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во Каиро на разговори за состојбата во Газа, тој ќе се обиде да ги убеди претставниците на Хамас да го прифатат примирјето предложено од Египет.
Бојана Крстевски
