Денеска започна 13. Меѓународен турнир во џиу-џица „Скопје Опен 2024“
Оваа манифестација ја продолжува традицијата и ја обединува џиу-џица заедницата од Македонија, но и од земјите на регионот – Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Бугарија, Грција, па дури и од Австрија...

Во спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден, денеска започна 13. Меѓународен турнир во џиу-џица „Скопје Опен 2024“.
Оваа манифестација ја продолжува традицијата и ја обединува џиу-џица заедницата од Македонија, но и од земјите на регионот – Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Бугарија, Грција, па дури и од Австрија.
Со повеќе од 200 учесници, турнирот не е само натпреварувачки, туку и вистински празник на спортот.
Сакам да им посакам успех на сите натпреварувачи и да им се заблагодарам на организаторите и поддржувачите што го овозможија овој спортски настан.
Скопје повторно е домаќин на врвни спортисти, а јас сум горд што како Министерство за спорт продолжуваме да го поддржуваме развојот и промоцијата на боречките вештини во нашата земја.
