Загадување

Скопје меѓу градовите со највисоко ниво на загаденост

10.11.2024 09:11

Скопје и вчеравечер беше меѓу градовите со највисоко ниво на загаденост, покажуваат податоците од платформата на Министерството за животна средина air.moepp.gov.mk. Според најновите измерени вредности...

Проблем со загаден воздух има во повеќе градови низ Македонија, но Скопје е на прво место.

За жал, главниот град по загаден воздух често пати е меѓу европските и светските прваци. Во последните неколку денови, се најде меѓу првите десет градови со висока токсичност на воздухот.

Скопје и вчеравечер беше меѓу градовите со највисоко ниво на загаденост, покажуваат податоците од платформата на Министерството за животна средина air.moepp.gov.mk. Според најновите измерени вредности, концентрацијата на ПМ10 честички во воздухот во центарот на Скопје изнесуваа 276 μg/m3, што е највисока вредност меѓу сите мерни станици во земјава.

Овие вредности ги надминуваат дозволените граници, особено во центарот на Скопје, каде што концентрациите се екстремно високи.