Средношколците од источниот регион иднината ја гледаат или во странство или во Скопје
Една третина од населението во државата живее во Скопје. Додека градовите во државата бележат намалување на населението и добар дел од селата се опустошени, бројот на жители во главниот град расте. Итна децентрализација и фискално јакнење на општините е решение за овој демографски проблем...

Според Интернационалната организација за миграција, Македонија е меѓу првите дваесет земји во светот со најголема емиграција во странство. Бројот на Македонци надвор од државата се проценува на најмалку 700.000.
Податоците од научно истражувачкиот проект што Правниот факултет при УГД го работи десет години за младите, миграциите и образованието, укажуваат дека средношколците од источниот регион не ја гледаат својата иднина овде
Итно ни е потребна политика за децентрализација, вели професор Стојановски и создавање услови за квалитетен живот секаде во државата. Само така ќе се намали миграцијата од внатрешноста во странство но и во главниот град
Причини за внатрешната миграција е нерамномерниот социоекономски развој на регионите и големата централизација на ресурсите во главниот град.
Славица Величковска
