Скопје е петти најзагаден град во светот
Не треба да се гледаат мерните станици за да се измери загадувањето во Скопје. Доволно е човек да излезе во скопската котлина или да се искачи на Водно за да почувствува и да види што дише. Многу од граѓаните почнаа да носат маски.

Загадениот воздух ги избрка скопјани на Водно. Градот изутрината се разбуди во смог и како 5-ти најзагаден во светот. Ни домашните мерни станици не се пооптимистички, покажуваат високо ниво на аерозагадување. Повисоката надморска височина, опција за граѓаните барам на неколку часа да дишат со полни гради.
Кој не може на Водно, одишка бара во природа. И градскиот парк прибежиште од задушливиот урбан асфалт.
И додека се најде чаре за аерозагадувањето, лекарите потсетуваат на истите препораки. Заштитна маска, здрава и витаминска исхрана и престој на планина.
Нездравиот амбиентален воздух најмногу ги засега срцево болните и оние со респираторни проблеми, но и здравата популација која сè почесто ги полни амбулантите.
Анита Димитријевска - Велковска
