Превирања во Либерално демократската партија
Превирања во Либерално-демократската партија. Општински организации бараат вонредно собрание за промена на раководството. Велат – мора да знаеме како ќе дејствуваме. Партиската претседателка Моника Зајкова со порака во два збора – нема конгрес...

Превирања во Либерално демократската партија каде членови бараат вонреден конгрес и избор на ново раководство. Причина е како што велат актуелното раководство бесрамно се доближува до ВМРО-ДПМНЕ само заради задоволување лични интереси на поединци. Општинските организации се збунети дали ЛДП е со опозицијата или во власта.
Заканите кои добиваат на интензитет кон мене се поради законот кој го предлагам за намалување на банкарските провизии – вели Зајкова, коментирајќи го обидот за пуч во партијата. Посочува дека дел од луѓето кои бараат нејзина и смена на раководството или се отпишани членови или воопшто не биле во партијата. Централниот одбор ја донел одлуката за независен настап во Собранието, сега фокусот е на проекти за граѓаните и подготовка за локалните избори.
И додека иницијативниот одбор за свикување конгрес на ЛДП е незадоволен од работата на раководството, по состанокот на извршниот одбор, Зајкова вели рано е за коалицирање за локалните избори.
Миле А. Ристески
