Три лица починаа од бактеријата листерија

22.07.2014 09:59

Листериозата е бактериско заболување, кое настанува со внесување храна контаминирана со бактеријата листрија, како што се месо, непастеризирано млеко и млечни производи, недоволно измиено овошје и зеленчук...

Седум лица се заразени од бактеријата листрија, тројца починале- двајца повозрасни пациенти и едно новородено дете, соопштија од Mинистерството за здравство.

Листериозата е бактериско заболување, кое настанува со внесување храна контаминирана со бактеријата листрија, како што се месо, непастеризирано млеко и млечни производи, недоволно измиено овошје и зеленчук.

Бактеријата се уништува со добра термичка обработка на храната, на над 70 целзиусови степени. Најчесто се регистрира кај постарите лица со намален имунитет, бремените жени и новородените деца, кај кои може да дојде до сериозни компликации како сепса, воспаление на мозочната обвивка и слично.

Се препорачува, темелно миење на рацете, а храната да се чува на температура до осум степени.Да не се остава на собна температура, да се консумира безбедна вода за пиење.