Временска прогноза

Променливо облачно, студено и со сончеви периоди

11.11.2024 08:05

Наместа ќе има услови за повремен слаб дожд, а на повисоките планини и особено од вечерните часови со појава на повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, студено и со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за повремен слаб дожд, а на повисоките планини и особено од вечерните часови со појава на повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи меѓу – 5 и 4 степен, а дневната ќе достигне до 14 степени.

Во Скопје малку до умерено облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 13 степени.