Поради наноси од снег, патот Кратово – Пробиштип во прекин за сообраќај на тешки моторни возила
Во моментот сообраќајот се одвива непречено по една коловозна лента према Пониква, исто така и према с. Бели, а од страна на граѓаните е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини...

Од 07:00 часот патниот правец Кратово – Пробиштип е во прекин за сообраќај на тешки моторни возила, поради наноси од снег, информира АМСМ.
Во моментот сообраќајот се одвива непречено по една коловозна лента према Пониква, исто така и према с. Бели, а од страна на граѓаните е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
