Јаневска на панел-дискусија „Подобрување на квалитетот на воздухот со цел креирање безбедна, креативна и продуктивна средина за учење“
Настанот ќе го отворат Ами Ларсон Џејн амбасадорка на Шведска и Армен Григорјан постојан претставник на УНДП...

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на панел-дискусија на тема „Подобрување на квалитетот на воздухот со цел креирање безбедна, креативна и продуктивна средина за учење“, во рамки на настанот на кој ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето на загадувањето на внатрешниот воздух во пет училишта и пет градинки во Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга.
Проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ го спроведува УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање, и е финансиран од Шведска.
Настанот ќе го отворат Ами Ларсон Џејн амбасадорка на Шведска и Армен Григорјан постојан претставник на УНДП. Резултатите од истражувањето ќе ги сподели проф. Дејан Мираковски, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“. На панел-дискусија ќе се обратат и министерот за здравство проф. д-р Арбен Таравари и заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски.
