Продолжуваат битките, Нетанјаху на линија со Трамп
Активирани системите за воздушна одбрана во југозападен Ерусалим откако ракета беше истрелана од Јемен...

Активирани системите за воздушна одбрана во југозападен Ерусалим откако ракета беше истрелана од Јемен. Израелската војска објави видео на кое наводно се гледа подземен комплекс на Хезболах во јужен Либан. Тел Авив тврди дека откриле мрежа од тунели, соби и складишта оружје. Продолжуваат и нападите во Газа. Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека тој и новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп разговарале за заканата од Иран.
„Во последните неколку дена трипати разговарав со новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Тоа беа многу добри и важни разговори наменети за дополнително засилување на сојузот меѓу Израел и САД. Ние гледаме очи во очи кон иранската закана, на сите нејзини компоненти и опасноста од неа“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
Американскиот претседател Џо Бајден утре во Вашингтон ќе се сретне со израелскиот претседател Исак Херцог се вели во соопштението на Белата куќа.
