ГЕРМАНИЈА

Можно гласање за недоверба на германската влада пред Божиќ

11.11.2024 08:24

Германскиот канцелар Олаф Шолц не исклучува гласање за недоверба на германската влада пред Божиќ, што е порано од 15-ти јануари...

Германскиот канцелар Олаф Шолц не исклучува гласање за недоверба на германската влада пред Божиќ, што е порано од 15-ти јануари, датумот што првично го најави за пратениците во германскиот Бундестаг. На 6-ти ноември, канцеларот го разреши министерот за финансии, ставајќи крај на трипартиската коалициска влада.

Тој тогаш предложи во јануари да се гласа за недоверба, што ќе доведе до распишување предвремени парламентарни избори за март. Опозициските политичари побараа гласањето да се одржи порано, за да може изборите да се одржат веќе во јануари.