ЦУК
Пожарот што избувна вчера на Беласица е локализиран се прават напори за целосно ликвидирање
11.11.2024 08:25
ТППЕ Струмица веднаш испрати 7 пожарникари-спасители со 2 теренски возила кои работеа цела ноќ на првата линија на пожарот...

Вчера во попладневните часови избувна голем пожар во падините на Беласица, веднаш над с. Смолари на тешко достапен терен при што беше зафатена високостеблеста шума.
ТППЕ Струмица веднаш испрати 7 пожарникари-спасители со 2 теренски возила кои работеа цела ноќ на првата линија на пожарот.
Пожарот е локализиран и ставен под контрола и во текот на денешниот ден ќе се направат напори за негово целосно ликвидирање.
