Шумски пожари во Њујорк и Њу Џерси
Вработен во њујоршките паркови загина борејќи се со еден од бројните шумски пожари во Њу Џерси и Њујорк...

Вработен во њујоршките паркови загина борејќи се со еден од бројните шумски пожари во Њу Џерси и Њујорк. Поради опасниот чад, издадени предупредувања за квалитетот на воздухот во двете држави.
„Екипите се во процес на градење контролни линии околу пожарот од страната на Њу Џерси. Во моментов, имаме двајца жители кои се загрозени од страната на Њу Џерси. Имаме и осум историски згради во кои никој не живее, но и тие се загрозени“, изјави Бил Донели, шеф на шумската противпожарна служба во Њу Џерси.
Пожарот во Њујорк е еден од неколкуте што ја зафатија средината на Атлантикот и североисточниот дел на САД изминатиот викенд, поради тековната суша, сув воздух и силни ветрови. Во Њу Џерси поднесено обвинение за 37-годишен маж за подметнување пожар.
